Жените се сами виновни ако ги злоставуваат, сепак тие се послабиот пол: Српски јутјубер шокира со изјавата и размислувањата
Никола Јовановиќ шокира со изјавата дека жените се виновни ако им се случи нешто и дека треба да му кажат на мажот „Да, во право си“ во секој момент.
Никола Јовановиќ е српски јутјубер, попознат како Никса Зизу. Тој ја шокираше јавноста со своите изјави за злоупотреба и силување во телевизиската емисија „Хајп“.
Јовановиќ го следат бројни млади на социјалните мрежи.
Тој изјави дека мажите првенствено ги гледаат жените како сексуален предмет, на што водителките на емисијата, Милица Вуклиќ и Јована Андрејиќ, се обидоа да посочат дека ваквите изјави се крајно проблематични.
- Јас не го поддржувам насилството, но жени, мора да размислите малку кого гледате и зошто гледате. Не одете во кола со некого ако ве повика во 10 часот навечер, особено ако е постар од вас, се знае што сака од вас - смета Јовановиќ.
Водителката се обиде да му објасни дека нема оправдување за сексуална злоупотреба и дека никој нема право да сексуално злоставува некого, но Јовановиќ продолжи:
- Само затоа што тој има или нема права, не значи дека не сте вие виновни. Ако наидете на будала пијан и дрогиран, а полугола шетате по улица и вие сте виновни. Вие сте виновни што сте поминале од таму, не е само негова вина - рече Јовановиќ.
Јовановиќ продолжи да инсистира на тоа дека жените се одговорни за злоупотребата што им се случува и дека треба да бидат свесни дека се од послаб пол.
- Нема не. Треба да знаете дека сте послаб пол. Му испраќате голи слики на еден човек и доаѓате голи дома навечер кај него и ако му кажете „не“, тоа е многу голем проблем, разбирате? Треба да знаете што правите и кому ќе одите, треба да знаете дека сте послаб пол - продолжи Јовановиќ.
Тој додаде дека верува дека жената не треба да му се спротивставува на мажот во ставовите.
- Треба да му кажете на мажот - да, во право си - заклучи Јовановиќ, по што водителките го напуштија студиото.
- Така треба да се извиниш и да излезеш - им рече Јовановиќ додека излегуваа од студиото.
Снимката од оваа емисија вознемири многумина и брзо се прошири на социјалните мрежи, а реакциите на ваквите изјави на Јовановиќ не стивнуваат.
ВИДЕО: