Женската долна облека често има панделка на предната страна: Изгледа дека не е без причина на тоа место
Сигурно на добар дел од твојата долна облека има панделки...
Постојат неколку причини зошто долната облека за девојките најчесто има мала панделка напред. Нејзината функција е апсолутно корисна во некои случаи. Ова прашање се отвори на „Reddit“ уште пред неколку години.
Иако дебатата за оваа тема започна пред неколку години, еднакво важна е и денес, бидејќи многу девојки не го знаат ова. Изгледа дека панделката која често можеме да ја видиме на долната облека не е ставена туку така или само за да направи послатка или поженствена. Постојат дури некоклу причини зошто е на тоа место, а една би можела да ти користи и тебе.
Првата причина има врска со историјата. Многу одамна, додека не постоел ластикот, кој се става на работ на гаќите, долната облека на телото се држела со врвка која се провлекувала низ горниот дел како што денес е ластикот, а се врзувалува во панделка за да стои. Ова било гаранција дека гаќите нема да испаднат, но и помагало при регулирање на големината.
Втората причина поради која е тука, а поради која и тебе може да ти користи, иако тоа никогаш не си го доживеала е да знаеш која е предната страна во случај ако се облекуваш во мрак.
Денес панделката има декоративна цел, но излегува дека и навистина може да биде корисна. На никој не му текнало од чиста мира да стави панделка на тоа место, туку навистина има причина зошто е тука.
фото: margostock / Shutterstock