Жестока расправа на Твитер поради исповеста на Меган Маркл за абортусот: Реагираше и Криси Тејген
Откако ги откри шокантните детали од абортусот и тагата низ кои помина, социјалните мрежи се засилија...
Меган Маркл го шокираше светот со признанието дека во јули преживеа спонтан абортус, по преселувањето во Америка со принцот Хари.
По болната исповед на војвотката од Сасекс, Твитер се засили со коментари, а од нив се виде дека писмото наиде на критики.
Додека многумина им испраќаа пораки полни со поддршка на Меган и Хари, се јавија и оние кои во целата оваа приказна не гледаат поента.
„Дали некој како мене ја доведе во прашање нејзината болка и ужасот што го претрпе за време на абортусот или можеби ја критикуваше, исто како мене, нејзината одлука да напише 1.000 зборови за да се промовира себе. Како може оваа приказна да му помогне на некое семејство кое веќе минува низ оваа трагедија“ - стоеше во објавата на еден корисник, кој брзо стана вирална.
На овој коментар реагираше некогашната манекенка Криси Тајген, која исто така неодамна јавно проговори за болната загуба на синот.
„Награда за најголем идиот дека му припадна на Марк. Ти честитам, јунаку“ - напиша и му даде до знаење што мисли за неговата објава.
фото: profimedia