Живеам со Немања во куќата во Шпанија: Анастасија за преселбата и малиот Жељко - страшно е разгален
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во љубовта веќе шест месеци, а поради врската со овој фудбалер пејачката живее на релација Србија - Шпанија.
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ ја започнаа својата романса во март годинава, а бидејќи спортистот има професионален ангажман во Севиља, Анастасија често останува со него, поради што не смета дека имаат врска на далечина...
„Па, нашата врска не е на далечина. Јас често сум во Шпанија, како што можете да видите од моите социјални мрежи. Во Србија доаѓам кога имам деловни обврски, тоа е секако мојот приоритет сега. Кога имам нешто овде, тогаш морам да се вратам. Штом ќе завршам со обврските во Србија, ќе одам во Шпанија“, изјави за „Информер“ ќерката на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ и додаде:
„Не знам како официјално се преминува во заеднички живот. Јас сум таму со него, Немања и јас живееме во иста куќа во Шпанија. Наречете го тоа како сакате, но јас живеам со него кога сум таму“.
Кога и да престојува во Србија, Анастасија обожава да поминува време со својот внук Жељко, синот на нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана. Како најмал во семејството, пејачката признава дека сите го фаворизираат Жељко и дека тој е центарот на нивниот свет.
„Жељко е страшно размазен, сите му дозволуваат сè, максимално го користи она што му е дозволено и што е единец. Жељко секогаш кога ќе види пејачка, тоа го поврзува со мама и мене. Вика: „Цеца, Таса“. Ги знае моите песни, многу е музикален“, рече Анастасија низ насмевка.
Таа сега редовно настапува и во регионот и во Европа, има бројни хитови, но сепак останува на ставот дека сè уште не е време да сними дует со нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ.
„Сè уште сум на ставот дека не е време за дует, без разлика што ми е мајка. Не сум стигнала до тоа ниво, засега уште се градам, не брзам- изјави пејачката за споменатите медиуми.
извор: lepaisrecna.mondo.rs