Живеј како никогаш да нема да остариш: Синот на Калтрина наполни 8 години (ФОТО)

Живеј како никогаш да нема да остариш: Синот на Калтрина наполни 8 години (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Во семејството на Калтрина Круезиу Балаш, порфесорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“ и мејкап артист имаше голем повод за славење.

Имено, нејзиниот син Уран, наполни 8 години, а гордата мајка по тој повод сподели неколку фотографии. Секако, емотивната роденденска честитки и желби, кои може да ги посака само една мајка на своето дете не беа исклучени.

„Уран денес полни 8 години. Сине, мојата желба за тебе е едноставна. Имај го најдобриот живот што може да се замисли. Живеј како никогаш да нема да остариш. Играј напорно како што работиш. Најди време за луѓето и работите што ги сакаш. И знај дека секогаш ќе бидеш многу сакан. Среќен роденден мило мое момче. Те сакам толку многу, за мене ти си светот“ - напиша Калтрина покрај фотографија на која позираат со славеникот, а потоа сподели уште неколку фотографии од роденденската забава.


фото: Принтскрин/Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: