Животната приказна на Ирина Шајк: Како сиромашната Русинка стана една од најуспешните манекенки на денешницата

Животната приказна на Ирина Шајк: Како сиромашната Русинка стана една од најуспешните манекенки на денешницата

Објавена во: Живот // Живот

Израснала во сиромаштија, врсниците се шегувале со неа поради изгледот, а кога првпат аплицирала за американска виза, била одбиена поради нејзините муслимански корени. Тоа сепак не ја спречило Ирина да побара излез од таквата средина и да ги оствари своите соништа...

За да стане една од најбараните манекенки, Ирина морала да помине многу препреки и тоа со многу среќа. 

Родена е во еден од најзагадените градови во Русија - Јеманжелинск, каде израснала во сиромаштија.

„Тоа е преубав град, доколку носите маска“ - изјави Ирина во едно од интервјуата.

Кога имала 14 години, нејзиниот татко Валериј Шајкхлисламов изненадно починал. Грижата над неа, потоа ја преземала нејзината баба Галина, мајката на татко и, која и била најголем пример. Сонот за бегство од Русија започнал да ѝ се остварува кога нејзината мајка случајно видела оглас за локално училиште за убавина на автобуската станица. Ја однела Татјана, сестрата на Ирина, а вратата покрај водела до агенцијата за моделинг. Вработените ја забележале Ирина додека ги чекала мајка ѝ и сестра ѝ и веднаш знаеле дека налетале на нешто посебно.

„Јас всушност сакав да станам новинарка. Како и да го замислував својот иден живот, некако бев сигурна дека ќе го напуштам својот роден град. Се чувствував како тоа да ми е судбина.“

Нејзините некогашни сограѓани се сеќаваат дека нејзината мајка Олга напорно работела како наставничка по музика и дека работела уште една работа за да состави крај со крај.

„Тоа беше потполно поинаков од нејзиниот сегашен, гламурозен живот. Тогаш немавме пари за основни потреби, а не па за луксуз. Мајката на Ирина работеше како роб за своето семејство. А, Ирина беше одлучна да ја искористи секоја шанса за да замине во Москва, а потоа и во остатокот од светот“ - во една прилика кажа еден од соучениците на Ирина.

„Не можам да кажам дека беше убавица. Мене ми беше превисока, нозете ѝ беа преслаби, а нејзината кожа темна. Но, беше добра пријателка и постојано беше насмеана. Долго немав слушнато нешто за неа, а потоа во 2007 година се појави приказна за руската манекенка која го освојува западот“ - се присети една нејзина пријателка.

Некогашните познаници на Ирина се присетија дека поради слабиот изглед често била на мета на навреди и исмејување на момците. Нејзините наставници зборувале дека била вредна и скромна, дека имала добри оценки и дека тогаш не размислувала за модни писти, популарност и убавина.

Сепак, немаат сите убави сеќавања со Ирина од тоа време. Таа останала во лоши односи со агентите кои ѝ помогнале да ја започне манекенската кариера, пред сѐ бидејќи го пропуштила закажаното снимање во Москва поради романса со постар бизнисмен од Москва. Тој наводно ѝ го платил патот до Англија за да научи јазик, но манекенката го негираше сето тоа. 

Во секој случај, кариерата ја продолжила во Франција, каде што исто така не ѝ било лесно.

„Ситуацијата беше многу комплицирана. Не го разбирав јазикот, немав пари, понекогаш немав што да јадам“ - раскажа манекенката.

Обидот да успее во Америка не ѝ бил успешен, пред сѐ поради нејзиното татарско презиме и муслимански корени. Била пресреќна кога добила повик да работи за американска агенција, но нејзиното барање за виза било одбиено. Дури неколку години подоцна успеала да добие дозвола за да влезе во земјата, каде го остварила својот сон.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: