Животната приказна на Софија Вергара: Откако го убиле брат ѝ побегнала од Колумбија

Животната приказна на Софија Вергара: Откако го убиле брат ѝ побегнала од Колумбија

Објавена во: Живот // Живот

Американско - колумбиската актерка Софија Вергара, ѕвездата на серијата „Modern Family“ е една од најплатените актери од малите екрани, а ружи и цветаат и на приватен план со сопругот, презгодниот актер Џо Манганиело. 

Со сопругот се има запознаено во 2014 година на гала вечерта во Белата куќа, но таа тогаш се уште била верена за Ник Лоеб. Џо веднаш ја воочил презгодната актерка, а и самиот признава дека не можел да не гледа во неа. Секако не ѝ пришол поради нејзиниот вереник, но затоа малку подоцна во ноќта му пришол Џеси Тајлер Фергусон, нејзиниот колега од сетот „Modern Family“ и му кажал: „Еј, мојата пријателка Софија сака да дојде да те поздрави.“ На тоа Џо прашал: „Софија чиј вереник е исто така на забавата?“. Тогаш Фергусон му објаснил: „Таа е само твој голем обожавател. Сака да дојде да се запознаете“. Тој се согласил, Софија пришла, убаво поразговарале, а тој не ѝ побарал број. По неколку недели, Софија официјално објавила дека ја прекинала свршувачката и дека повторно е слободна, а Џо не го губел своето време. Го повика Џеси Тајлер Фергусон и го побарал нејзиниот број. Неколку месеци подоцна, парот стана екслузива, односно во август 2014 година. Заедно почнале да живеат, а во декември Џон клекнал пред на романтичниот одмор на Хаваи.

Кон крајот на 2015 година парот се венчаше на гламурозна церемонија на Флорида пред 400 гости. И денес се една од најслатките, но и најубавите двојки помеѓу богатите и популарните, а ова на Софија ѝ е втор брак.

Првпат се венчала со првата љубов од средно училиште, која исто така се вика Џо, но презива Гонзалез, а Софија тогаш имала само 18 години. Бракот траел од 1991 до 1993 година, а двојката во тој краток период го добила синот Малон со кој Софија е многу поврзана. Пред да стане најплатена ТВ актерка, Софија работела како модел и преживеала голема семејна трагедија, поради која побегнала од Колумбија. Имено, во 1998 година го убиле нејзиниот брат Рафаел за време на неуспешно киднапирање, а актерката никогаш не зборува за тоа. Исто така, Том Круз сакаше токму таа да му стане сопруга, но таа го одби.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: