Животното осигурување е второ име на љубовта: Подари ѝ на твојата сакана сигурна и среќна иднина

Животното осигурување е второ име на љубовта: Подари ѝ на твојата сакана сигурна и среќна иднина

Објавена во: После „Школо“ // PR

Има ли подобар начин да ги изразите чувствата кон вашата партнерка во февруари, месецот на љубовта, од инвестирање во идеален подарок за нејзина среќна иднина и сигурност. Љубовта кон саканата не знае за граници, па, повеќе од кога и да е, искажете ги грижата и емоциите кон жената што секој ден ви го прави животот поубав. Изненадете ја љубовта на својот живот со полиса за индивидуално животно осигурување од Кроациа, која нуди безбедност и стабилност и помислете на сите заеднички убави моменти што може да произлезат по достасување на полисата.

Современиот начин на живеење постојано носи нови предизвици и неизвесности. Решение за овие предизвици е животното осигурување, кое во денешно време е потребно повеќе од кога и да е. Овој вид осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и е единствен што овозможува комбинација на штедење и осигурување, а обезбедува и заштита од финансиски загуби, кои можат да настанат како резултат на несакани настани. Како лидер во сегментот на животното осигурување во земјава, компанијата Кроациа осигурување-живот го нуди производот Индивидуално животно осигурување, кое е целосно приспособливо на индивидуалните потреби.

Индивидуалното животно осигурување е временски неограничено, обезбедува загарантирана исплата на средствата по истекот на договорениот рок, финансиска сигурност за вас лично и за вашето семејство, брза исплата при настанување осигурен случај или, пак, капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија. Осигуреници можат да бидат лица од 14 до 65 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија е 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента. 

Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризикоосигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести или при оперативни зафати. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.

Инвестирањето во овој производ е една од најмалку ризичните инвестиции. Затоа и со право се смета дека животното осигурување е мудра одлука. Донесете ја навреме со цел подобро да се заштитите себеси и вашите најблиски.

* ПР - објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: