Животното осигурување штити и штеди: со вложување на 180 евра годишно, може да заштедите солидна сума на средства

Животното осигурување штити и штеди: со вложување на 180 евра годишно, може да заштедите солидна сума на средства

Објавена во: После „Школо“ // PR

Дали сте се запрашале некогаш колку средства можете да заштедите, доколку секоја година вложувате 180 евра? Oсигурувањето на живот не е недостижно ниту за една индивидуа и со редовни примања нема оправдување да не биде навреме договорено.Современиот начин на живот секојдневно носи новипредизвици и неизвесности. Решение за овие предизвици е животното осигурување,кое во денешно време нѝ е потребно повеќе од кога било.

Полисата за индивидуално животно осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и е единствениот што овозможува комбинација на штедење и осигурување, а обезбедува заштита од финансиски загуби што можат да настанат како резултат на несакани настани.Комбинација од трите неопходности што ни се потребни и се наш штит наспроти неизвесноста на иднината и тоа што ни носи животот. 

Предноста на животното осигурување е што со склучување на полисата ќе почувствувате олеснување знаејќи дека парите што ги ставате настрана ќе ве заштитат вас и вашите најмили во случај на несакани настани. Колку порано ќе почнете да размислувате за иднината и дел од парите ќе ги одвојувате за животно осигурување, толку полисата ќе биде поповолна, а собраните средства можат да ви послужат за најразлични цели: покомфорен живот, школување на децата, купување автомобил, обнова на домот и др.

Полисата за индивидуално осигурување на живот го има водечкото место во портфолиото на Кроација Осигурување - Живот, претставувајќи најатрактивна комбинација од карактеристики и придобивки кои вклучуваат: сигурен облик на штедење со истовремено осигурување; загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањетo;финансиска сигурност за вас лично и за вашето семејство;можност да создавате капитал за Вашите идни планови;брза исплата при настанување осигурен случај, како и капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија.

Индивидуалното животно осигурување на Кроација е временски неограничено, а осигуреници можат да бидат лица од 14 до 65 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија е 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента. 

Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризико осигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести, или во случај на оперативни зафати. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од Ковид-19.

Со право се смета дека животното осигурување е мудра одлука. Да ја донесеме навреме, со цел подобро да се заштитиме себе и нашите најблиски.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: