Животот и бил пијана трагедија: Познатата актерка си го сечела лицето со стакло

Животот и бил пијана трагедија: Познатата актерка си го сечела лицето со стакло

Објавена во: Stars // Филм

Нејзиниот живот бил пијана трагедија која и се случила поради популарноста, која ја следела од детството па се до крајот на животот.

Џуди Гарланд ја паметиме од екраните и тоа по големите убави очи и како еден од најпознатите гласови на Холивуд.

Беше Дороти во мјузиклот „Волшебникот од Оз“ и Естер од „Ѕвездата е родена“, пејачка во „Човекот кој исчезнува“ и „Некаде над виножитото“. Зад камерите, Гарланд живеела поинаков, помалку среќен живот, фатена во стапица без излез.


Актерката, која почина од предозирање со лекови на 22 јуни 1969 година, на само 47 години, е тема на новиот филм „Џуди“, кој се очекува да излезе наскоро. Во филмот глуми Рене Зелвегер, ја прикажува последната недела од нејзиниот живот, на турнејата во Лондон и нејзината прерана смрт. Џуди всушност одамна била зависник, алкохоличарка, опседната со сексот и била склона кон самоубиство.

Стиви Филипс, која започнала како секретарка во њујоршкиот Freddie Fields Associates, полека ја градела својата кариера и станала менаџерка на Џуди. Тоа го работела 3 години - помеѓу 1961 и 1964 година, што значи дека ја следела актерката и пејачка на сите нејзини турнеи и концерти, па со тоа била и сведок на сите нејзини бизарни однесувања за време на патувањата.

Тоа значи дека сведочела на одморот на Карибите, каде Гарланд скоро гола излегла на хотелската тераса и им ја пеела на случајните минувачи песната од филмот „Over the Rainbow“. Или пак моментот кога познатата актерка во својата гардероба го скршила огледалото и со парчињата стакло си го сечела сопственото лице.


Пред крајот на турнејата, Гарланд великодушно ја извадила на сцената својата менаџерка за да отпее дует со неа, а потоа агресивно ја бутнала назад во бекстејџот, бидејќи се испоставило дека Филипс не можела да го отпее својот дел. Накратко - животот на Џуди Гарланд бил ролер - костер, а менаџерката Стиви Филипс е онаа која врескала на предното седиште во првиот вагон, пишува New York Post.

„Иако на концертите секогаш биле прекрасни, она што се случувало пред и потоа не било ни приближно така. Понекогаш било прилично грозно, а неколку пати замалку трагично“ - пишува Филипс во своите мемоари од 2015 година, кои ги нарекла „Judy & Lisa & Robert & Dreddie & David %& Sue & Me“.

Многуте убави, но и неубави настани на овие две девојки ги има во мемоарите кои ги напишала Филипс. 

Кога Гарланд умрела во 1969 година, Филип не била на испраќањето.

„Немав сила за тоа“ - напишала Филипс.

„Во еден момент ја поминав Петтата авенија и ги гледав луѓето кои во ред чекаат на влезот. Седев на клупа покрај Централ Парк и размислував за се што сум размислувала и времето на нашата соработка: Како сите тие луѓе би се чувствувале да го знаат сето она што го знаев јас?“ - завршува Филипс.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: