Животот мора да оди понатаму: Леа Станковиќ изгуби член од семејството, едвај ги сподели тажните вести со следбениците

Животот мора да оди понатаму: Леа Станковиќ изгуби член од семејството, едвај ги сподели тажните вести со следбениците

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Една од најпопуларните јутјуберки од Србија, Леа Станковиќ на своите следбеници им соопшти дека останала без еден член од семејството...

Влијанието на Леа Станковиќ на социјалните мрежи не се доведува во прашање. Од Јутјуб заработува неверојатна сума на пари, а поради одговорноста кон својата работа, инфлуенсерката одлучи да соопшти зошто не била активна во последно време.

Леа објасни дека изгубила многу сакана личност и дека ѝ е тешко да зборува за тоа.

„Здраво луѓе, чувствувам потреба да ви се јавам со оглед на тоа што минатата недела кажав дека не заминав за Виена и дека нешто се случува. Искрено, многу ми е тешко што за ова треба да зборувам и овде и размислував дали да го направам тоа или не, но јас се занимавам со оваа работа со која се занимавам“ - започна Леа и додаде:

„Да не се занимавам со ова, би работела во банка и таму би морала да кажам за што се работи, а притоа, ова е платформа за која јас треба да снимам, да бидам насмеа, расположена и така натаму, иако воопшто не ми е лесно во оваа ситуација.

Низ секој тежок момент низ кој сум поминувала и што и да се случувало, никогаш едноставно не сум зборувала за тоа и секогаш во тие моменти сум имала барем веќе снимен материјал, кој ќе оди во тој момент. Сепак, сега е поинаква ситуацијата, па е подобро да кажам. 

Минатата недела, кога требаше да одам во Виена, мојот дедо го хоспитализираа во ковид болница и беше на респиратор. Набрзо потоа и почина. Тоа е мојот дедо за кој бев многу, многу поврзана, кој го гледавте во видеата, кој се појавуваше кај мене во видеата, кој беше силен, витален, но едноставно не преживеа.

Додека живееше, беше неверојатно среќен, насмеан човек, кој сакаше да живее. Додека не доби корона, постојано нешто работеше, беше секогаш тука за нас, мене ме поддржуваше. Од мојот прв ден со снимање, беше тука за мене, се разбираше во сè, го гледаше секое мое видео, ви велам, дури учествуваше во нив.

Знам дека за него сега би било најтешко да одлучам да седам дома и патам, така што тоа нема да се случи. Одлучив да работам нормално, повторно велам, ова е работа како и сите други. Имам годишни договори, годишни соработки, на месечно ниво објави и така натаму.

Знам дека и тој би бил среќен да продолжиме да живееме нормално и дека би бил неверојатно горд на нас да види дека се трудиме и работиме максимално. Така што, јас го сакам најмногу на светот и она што го носам во своето срце и споменот на него е едно, но животот мора да оди понатаму“ - објасни Леа, која често е на удар во многу коментари.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: