Животот му се сменил од корен, а една работа му паѓа тешко: Кој е познатиот дедо од серијата „Squid game“?

Животот му се сменил од корен, а една работа му паѓа тешко: Кој е познатиот дедо од серијата „Squid game“?

Објавена во: Stars // Филм

Иако на творците на серијата „Squid game“ една цела деценија им го одбивале сценариото, ова корејско остварување донесе неочекуван успех.

Ни самите лидери на Нетфликс не очекувале дека оваа серија ќе донесе волку голема заработка, а со самото тоа, нејзините главни актери доживеаја абнормална популарност.

Една од главните улоги му припадна на 77 - годишниот Ох Јонг-су, кој преку ноќ успеа да добие светска популарност. Гостувајќи на една корејска телевизија, Ох Јонг-су зборувеше дека животот многу му се променил откако се емитувала серијата „Squid game“.

Опишувајќи ја својата реакција на „Squid game“ сидромот, кој го зафати целиот свет, Ох Хонг-су кажа дека е неверојатно внимателен поради својата популарност.

„Се чувствувам како да лебдам во воздух. Тоа ме тера на размислувањето дека морам да се смирам, да ги организирам своите мисли и да се воздржам“ -кажа тој и додаде:

„Толку многу луѓе ме контактираа по излегувањето на серијата. Бидејќи немам менаџер кој би ми помогнал, тешко ми беше да одговорам на количината повици и пораки кои ги добивав и кои ги добивам. Поради тоа ми помага ќерка ми“.

фото: YOUTUBE

Како што вели, тешко му е да се навикне дека популарноста со себе носи и константни погледи од непознати луѓе.

„Дури и кога ќе излезам во кафуле или некое слично место, морам да бидам свесен дека другите ме следат. Тоа ме натера на заклучокот дека е тешко да се биде популарен“.

Иако психолозите тврдат дека оваа серија има негативно влијание на луѓето, Ох Јонг-су добил многу привилегии благодарение на своето учество во неа. По емитувањето на серијата, бил повикан во јужнокорејското реално шоу под назив „How Do You Play?“, а го сакаат и во бројни реклами, кои ги одбил.

„Нашето општество, за жал, често го признава само првото место, како сè друго да не е важно. Луѓето забораваат дека тоа второ место, иако е поразено од првото, всушност го победило третото место. Значи, сите ние сме победници. Мислам дека вистинскиот победник е оној кој напорно работи и се труди да биде што подобар. Лично никогаш не сум тежнеел кон голем успех и задоволен сум со ова што го имам“ - призна актерот и додаде:

„Немам големи амбиции, веќе добив многу во животот. Сега само сакам да оставам во наследство дел од она што го добив. Поедноставно кажано, замисли да одиш на планина и да видиш цвет. Кога си млад, ќе го скинеш тој цвет и ќе го земеш само за себе. Но, кога ќе дојдеш во мои години, ќе го оставиш таму каде што си го нашол, а подоцна ќе се вратиш да го видиш уште еднаш. Така е и со животот, работите треба да се остават точно такви какви што се. Не е секогаш лесно, но тоа е единствениот вистински пат.“

фото: PRINT SCREEN/YOUTUBE

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: