Животот на најубавото девојче го одбележаа бројни скандали: Живееше како рок ѕвезда, а потоа тој успеа да ја смири
Најубавото девојче на светот Тилан Блондо денес има 21 година и ужива во романсата со своето момче, францускиот ди-џеј...
Најубавото девојче - прекар кој со години ја следи манекенката Тилан Блондо, која во 2017 година беше прогласена за најубаво дете.
Убавата Тилан кариерата ја започна на само четири години кога првпат беше дел од ревијата на Жан Пол Готје, а на насловна страница за првпат се појави на шест години.
Со оглед на тоа што во манекенските води влезе како дете, нормалното детство за неа е непознато, и рано научила што значи ред, работа, труд, дисциплина и заработка на пари.
Насловната страница на која Тилан позираше во „фул мејкап“, дотерана како да има многу повеќе години и во сандали со вртоглави високи потпетици, тогаш предизвика лавина коментари.
За многумина ова беше премногу, а нејзините родители беа обвинети дека својата ќерка практично ја фрлиле на педофилите, особено кога и нејзината мајка изјави „дека била шокирана од фотографиите кога ги видела, но само бидејќи на десетгодишно девојче му да ле да носи ланче кое вреди повеќе од милион долари“.
фото: ИнстаграмИнаку, убавата Тилан Блондо е ќерка на фудбалерот Патрик Блонд и Вероника Лубри, француска актерка и ТВ водителка, а во родниот Париз ја споредуваат со легендарната Бриџит Бардо, која на 15 години се појави во магазинот „Elle“.
За среќа, скандалите останаа далеку зад најубавото девојче, а Тилан денес, на 21 година сама носи одлуки за кои ќе работи и како.
Откако планетарно се прослави започна и сопствена модна линија, па така денес ужива во плодовите на својот успех и заработените 4,3 милиони долари.
фото: ИнстаграмИако медиумите ги полнеше со своите успеси, во претходниот период покрај деловните успеси, многу се пишуваше и за нејзиниот бурен љубовен живот, како и за однесувањето како рок ѕвезда, особено на забавите.
фото: AGENCE / BESTIMAGE / PROFIMEDIAСепак, убавата манекенка вплови во мирна врска со своето момче чиј идентите долго го криеше.
Тилан веќе долго време е во романса со францускиот ди-џеј Бенџамин Атал, бурните денови се зад неа, а неодамна беа уловени заедни за време на дочекот на Новата година. Инаку, познатиот ди-џеј неодамна се вери со својата девојка, со што се пофали на социјалните мрежи.
фото: SBCH / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIAДвојката Новата година ја прослави во Мајами, фотографиите го заобиколија светот, а на нив Тилан делува многу среќно.
Дека ужива во љубовта потврдуваат и фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил каде често објавува со својот вереник.