Животот по неа: Џон Траволта со само една фотографија го расплака светот
Џон Траволта и Кели Пресон беа пар за пример. Нивната љубовна приказна воодушеви многумина, но болеста одлучи да го прекине тоа. Преубавата Кели на 57 години ја изгуби битката со рак на дојката, а Траволта остана сам со скршено срце.
„Утрото на 12 јули 2020 година Кели Престон, саканата сопруга и мајка, помина по двегодишната борба со рак на дојката. Кели некое време беше на лекување, со поддршка на најблиското семејство и пријатели. Беше ведра, прекрасна душа, полна со љубов која се грижеше за другите и оживуваше се што ќе допреше. Нејзиното семејство ја моли јавноста за разбирање на приватноста во овие моменти“ - соопшти семејството на познатиот актер.
Џон Траволта и Кели беа во брак 29 години и добија три деца. За жал, нивниот 16 - годишниот син Џет трагично почина во 2009 година, за време на семејниот одмор на Бахамите. Сопругата на Џон зад себе ги остави синот Бенџамин и ќерката Ела.
Свесен дека животот никогаш нема да биде ист, Џон Траволта одлучи да живее и понатаму со својата љубов. Иако Кели почина, неговите чувства и понатаму се тука. Тој на „Инстаграм“ сподели фотографија од нивната венчавка, покрај која стави фотографија од своите родители. Објавата за само неколку секунди предизвика неверојатна реакција од обожавателите.
„Среќен роденден, драга. Ја најдов оваа фотографии од венчавката на мајка ми и татко ми. Убаво е да се види нашата покрај нивната. Те сакам, Џон“ - напиша Траволта и го расплака светот.