Злобното момче од „Хари Потер“ изгледа како младолик дедо: Малфој денес има 34 години, а обожавателите не престануваат да коментираат една работа

Злобното момче од „Хари Потер“ изгледа како младолик дедо: Малфој денес има 34 години, а обожавателите не престануваат да коментираат една работа

Објавена во: Stars // Филм

Пред точно 20 години премиерно беше прикажан првиот во низата филмови за Хари Потер, а по тој повод е снимена специјална емисија со главните ликови од магичната сага за волшебството, која на огромно задоволство на светот ќе биде прикажана на 31 декември.

Хари, Хермиона, Рон и Малфој се секако најпознатите ликови од популарната франшиза, за која секогаш се зборува. 

Кариерите им се развиваа со текот на годините, нивната популарност е сѐ поголема, а еден од нив привлече големо внимание, само поради својот изглед.

Малиот злобен Малфој или Том Фелтон според коментарите на јавноста, денес изгледа како младолик дедо.

Фелтон веќе некое време изгледа постаро отколку што има години и обожавателите често дебатираат за тоа, обидувајќи се да сфатат зошто тоа е така. Едни сметаат дека причината за тоа е што му се проретчува косата, други велат дека брчките на неговото чело се виновни што изгледа како да наполнил 50 години.

И самиот Том во неколку наврати зборуваше за тоа, воглавно шегувајќи се на своја сметка. 

Како што вели, луѓето ретко го препознаваат на улица, но дека тоа не му пречи.

„Јас го добив најдоброто од сето тоа. Можам да се возам со метро, автобус, да го прошетам кучето низ паркот, а никој да не ме вознемирува. Неодамна се сретнав со Ема Втосон. Таа изгледа исто како пред 10 години и затоа не може да им побегне на папараците и обожавателите. Јас често ги слушам луѓето како велат: „Еј, дали тоа беше тој, како му беше името...?“ - за странските медиуми изјави Том Фелтон.


фото: Инстаграм


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: