Значењето што се крие позади 8 март: Дали денес е Денот на мајката?

Значењето што се крие позади 8 март: Дали денес е Денот на мајката?

Објавена во: Совети // Семејство

Често постои дилема околу овој датум. 8 - ми Март е Меѓународниот ден на жената, но многумина го спојуваат со Денот на мајката. Иако тој ден во секоја држава се прославува на различен датум, во Македонија, според табелата која е објавена на Википедија се прославува на 8 - ми Март.

За разлика од кај нас, во најголемиот број држави, како што се Австралија, Германија, Америка, Бразил, Хрватска и многу други, Денот на мајката се прославува секоја втората недела од месец мај. Оваа година тоа ќе биде на 14 - ти Мај. 

По ова може да се заклучи дека луѓето кои мислат дека 8 - ми Март е денот на мајката не грешат, зошто во нашата држава се направени два празници во еден.

Меѓународниот ден на жената во цел свет се одбележува на истиот датум. Ова е ден кога се става акцент на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за истиот потекнува уште од почетокот на 20 - от век, а за неа посебно се заложувало социјалистичкото движење. 

Денес, овој ден е државен празник само во малку држави, како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина, а Македонија е една од ретките држави во кои се празнува 8 - ми Март, иако како празник има само симболичен статус и е без политички конотации.

Може ова е и причината зошто Меѓународниот ден на жените е поврзан со Денот на мајките, иако и е тоа е малку нелогично, од причина што овој ден треба да го празнува секоја жена, девојка, без разлика на возраста, верата, политичката определба и слично. 

Како и да е, на крајот од денот треба да подариме внимание на омилените жени во нашиот живот, но не мора тоа да го правите само овој ден, туку секој  ден кога ќе забележите дека вашата мајка, баба, сестра, тетка, пријателка има потреба од тоа.

Р.Х.

фото: freepik.com

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: