Знае да ужива: Мачор си пронајде нов дом, па стана ХИТ на социјалните мрежи
Мачорот Бенсон е спасен од улица и вдомен, а по доаѓањето во својот нов дом набрзо стана хит на Инстаграм.
„Бенсон го пронајдовме пред 5 години, луташе по улиците на Дабуаи. Неговото старо семејство се отселило, па го оставиле. Ние го вдомивме“ - раскажа сопственичката на мачорот за порталот „Bored Panda“.
„Брзо забележавме дека секој пат додека во него е вперена камерата, тој не се поместува. Седи многу мирно. Потоа на главата му стававме очила за сонце и го фотографиравме. Бенсон и тогаш беше мирен“ - додаде.
„По некое време почнавме да го облекуваме, па дури му стававме и шешири. Единствено нешто што мрази се чорапите“ - вели сопственичката и додава дека Бенсон е многу поврзан за семејството.
„Секое утро чека да заѕвони алармот, а потоа насекаде го следи мојот сопруг. Го гледа како влегува во својот автомобил и кога ќе дојде времето да се врати, Бенсон седи крај вратата и чека“ - заклучи сопственичката.