Знаев дека нешто не е во ред: Младиот пејач од групата „The Wanted“ боледува од неизлечив карцином
Том Паркер е член на групата „The Wanted“, која настана во натпреварувањето Х - фактор, минатата недела откри дека боледува од неизлечива болест.
На пејачот, кој има 32 години му е дијагностициран тумор на мозокот, кој не може да се оперира. Лошите вести ги дознал неколку недели пред да стане татко по втор пат.
Тој има глиобластом до четврта фаза - агресивен тумор кој може брзо да се прошири, доколку не се лекува.
„Знаете дека двајцата не објавуваме ништо на социјалните мрежи последните неколку недели и време е да ви кажеме зошто. Не постои едноставен начин да се каже ова, но за жал дијагностициран ми е тумор на мозокот и веќе сум на лекување“ - напиша Том, заедно со сопругата Келси Паркер.
Додаде дека тој и сопругата се одлучиле по долго размислување да ја споделат оваа инфромација со јавноста, па дадоа големо интервју за магазинот „ОК“.
Том за првпат го посетил лекарот во јули, откако се онесвестил и доживеал епилепсичен напад, но во тоа време бил ставен на листата на чекање за магнетна резонанца.
Порадите се почестите напади, шест недели подоцна бил префрлен во болница, каде што му е откриен тумор на мозокот.
„Се уште сум во тотален шок, потребно е време да се прифати оваа ситуација“ - рече, додавајќи дека знаел дека нешто не е во ред со неговото здравје.
„Но, никогаш не очекував дека ќе биде ова. Никогаш не ни помислувате дека ќе се случи било што слично“ - призна Том.