Знаевте ли дека има сина крв? Јелена Карлеуша е потомок на грофица по која се вика една улица
Познатата пејачка пред неколку години откри дека помеѓу нејзините предци има аристократи...
Пејачката Јелена Карлеуша раскажа дека има една семејна приказна која можеби не е многу позната - за својата прабаба која била од аристократско потекло.
„Доколку не се кажам, една 16 -тина од мојата крв има сина нијанса. Многу мал процент, но секако е за гордеење. Тоа е интересна приказна и се гордеам со своето потекло иако не сакам да го потенцирам тоа. Мојата прабаба по мајка, Марија фон Дајц имала сина крв, поточно била грофица“ - рече Јелена.
Меѓутоа, тоа не е сѐ. Марија фон Дајц наводно наслужила во Грац една улица да го носи нејзиното име.
„Една мала улица во Грац го носи нејзиното име и потсетува на нејзината пожртвеност и хуманитарна работа во тогашните војни. Била голем добродетел, но за жал, почина во политичко прогонство и сиромаштија“ - изјави Карлеуша за „Стори“ во 2014 година.
Во таа прилика додаде и дека Србија треба да биде горда на Караѓорѓевиќ.
„Србија ги има сите причина да се гордее со нашиот престолонаследник Александар, како и со принцезата Катарина поради нивната пожртвувана хуманитарна работа и улога во најголемите светски социјални кругови. Тие се еден вид на српски бренд“ - заклучи тогаш.