Зона на чист воздух во суперсторот „Литература.мк“
Суперсторот „Литература.мк“ кој е лоциран во трговскиот центар „Скопје сити мол“ и во чии рамки се наоѓаат специјално опремена книжарница и современо кафуле од неодамна e „зона на чист воздух“ како резултат на прочистувачи за воздух „Даст Фри Ер Најт“ (Dust Free – Air Knight) и „Блуер“ (Blueair).
Во ова катче на добра литература и врвно кафе воедно се запазени и протоколите за дезинфекција како и за социјално дистанцирање со цел да им се овозможи на посетителите уште побезбедно уживање. „Даст Фри Ер Најт“ (Dust Free – Air Knight) се уреди за прочистување со фотокатализатори што го користат процесот фотокаталистичка оксидација (Photocatalytic Oxidation) и коишто влијаат врз коронавирусот и гриповите, а потврда за нивниот ефект може да се најде во голем број независни истражувања меѓу кои и анализа од Универзитетот во Милано.
Во рамки на суперсторот се наоѓа и кафулето „Кафе Литература” кое претставува безбедно катче за сите посетители, благодарение на прочистувачите на воздух од брендот „Блуер“ (Blueair). Имајќи во предвид дека дишењето чист воздух го отвора умот и го оживува духот и со оглед на моменталната ситуација во која се наоѓаме, во кафе-барот покрај прочистувачите за воздух „Ер најт“ (Air Knigh), покрај секоја кафе-масичка веќе се поставени и индивидуалните уреди за чист воздух од „Блуер“ (Blueair)и се запазени протоколите за дезинфекција и безбедна дистанца за уште побезбедно уживање. Дополнително, во суперпродавница на „Литература.мк“ има и можност за купување на „Блуер“ (Blueair) уредите за домот или за канцеларијата.
Од Литература.мк им препорачуваат на сите купувачи кои ќе ги посетат суперсторот и кафе-барот: „Посетете нè и дишете со полни гради, уживајте во добро кафе и уште подобра литература!”.
* ПР - објава