Зорана изнесе шок детали за Бака Прасе и Ања Бла: Беше ужасно непријатна ситуација, ми се извинуваше

Зорана изнесе шок детали за Бака Прасе и Ања Бла: Беше ужасно непријатна ситуација, ми се извинуваше

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ања, како што многумина заклучија додека траеше вклучувањето во живо, била љубоморна поради односот на Зорана Јовановиќ и Бака Прасе...

Модната блогерка Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, во вклучување во живо со својата другарка жестоко удри по Ања Бла и Бака Прасе.

Имено, на Јовановиќ ѝ беше поставено прашање да го искоментира нејзиниот однос со девојката на Богдан, а тоа блогерката го искористи и откри некои непознати детали.

„Ме стрелаше со поглед и можам да ви ги покажам пораките на Богдан каде ми се извинуваше два дена поради тоа. Беше ужасно непријатна ситуација, не го измислив тоа“ - започна таа.

„Вие како да не знаете со кој речник комуницираат тие и што сѐ Богдан кажува за својата девојка, тоа на едно уво влегува, а на друго излегува“ - истакна Зоранах во споменатото вклучување во живо.

Многу обожаватели кои во тој момент го проследија вклучувањето во живо беа шокирани, бидејќи никогаш за ова не зборувала јавно.

За потсетување, Бака Прасе и Ања Бла неодамна купија и комплетно опремија стан во Белград на вода, а веднаш потоа на обожавателите им го покажаа раскошот на зградата во која сега живеат.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: