Зоранах раскина со македонскиот фудбалер поради Бака Прасе? Призна каков проблем ѝ направил јутјуберот
Во новиот влог Зоранах зборуваше поради што нејзиното поранешно момче мислело дека таа се гледа со јутјуберот...
Блогерката и инфлуенсерка Зорана Јовановиќ Зоранах во своето најново видео на Јутјуб изјави дека наводно била во врска со јутјуберот Бака Прасе и дека поради тоа поранешното момче ја оставило.
Зоранах покрај тоа потврди и дека на почетокот на оваа година била во врска со македонскиот фудбалер Бобан Николов, пишува „Курир“.
На почетокот на споменатото видео таа открива какви проблеми имала со поранешното момче поради Бака Прасе.
„Зимово Богдан буквално ми направи проблем во животот. Го сподели моето стори, на кое не беше тој, па се преправаше дека е. Кретен. Моето поранешно момче беше на апарати и тогаш и сега. Тој повеќе не е во приказната, но се следиме и понатаму“ - кажа Зоранах во видеото.
„Некое момче било љубоморно на мојот алфа статус, да го наречам така. Јас, да сум ти поранешно момче, би ти ги гледал сите влогови и би те следел секаде. Би си кажувал: Каква девојка изгуби“ - ѝ зборувал јутјуберот, на што Зоранах се надоврза:
„Па ти и ми беше поранешно момче. Ти благодарам, Богдан, на убавите зборови. Малку ми е срам, за сè си во право, добро кажа“ - ги шокираше блогерката своите следбеници, кои останаа во недоумница дали ја зборува вистината или само се шегува.
Се верува дека станува збор за нејзиното поранешно момче кое е добро познато на јавноста, нашиот фудбалер Бобан Николов, со кој раскина пред некое време.