Зошто дури сега се зборува за ова: Шокантни снимки кои покажуваат низ каква тортура минува Бритни Спирс со години (ВИДЕО)
Во своето обраќање пред судот, поп принцезата Бритни Спирс раскажа многу шокантни работи за тоа како изгледа нејзиниот живот под старателство на татко ѝ, а сега се појавија докази за едно од нејзините тврдења.
Пејачката Бритни Спирс, која од 2008 година нема право да управува со своите пари или да донесува одлуки за што било во нејзиниот живот, вклучително и за лекување, завчера конечно отворено зборуваше пред судот во Лос Анџелес за тоа како нејзиниот татко Џејми Спирс и нејзиниот „тим за старателство" го контролира секој аспект од нејзиниот живот.
Таа изнесе шокантни детали, како на пример дека сака да се омажи и да роди уште едно дете, но нејзините старатели не ѝ дозволуваат да оди на лекар и да ја извади принудно вградената спирала, дека ѝ бил даден лек што ја зашеметува до тој степен што таа не може да зборува, дека таа не може да ги користи своите пари и многу, многу повеќе.
Бритни исто така истакна дека во 2018 година била принудена да замине на турнеја, иако не сакала.
- Беше заканувачки и страшно. Отидов на турнеја од страв - рече пејачката.
Сега, еден од обожавателите на пејачката сподели на Твитер видео направено во Атлантик Сити, за време на споменатата турнеја, што покажува дека Спирс, според сите проценки, била принудена да настапи во лошо здравје.
- Тука е многу, многу топло. Мислам дека ќе се онесвестам, болна сум. Имам треска, имам температура од 39 степени - вели пејачката на видеото, а потоан како ништо продолжува и го праша обожавателот кој се искачи на сцената како се вика и го продолжи настапот.
- Почитувана Бритни Спирс ... чувствувам дека ви должиме извинување. Бевме толку опседнати со изведувачката Бритни Спирс што не размислувавме како Бритни всушност се чувствува и се бори секој ден- напиша обожавателот на пејачката, Захари Гордон.
Dear @britneyspears ….I feel like we owe you an apology. We bought into the whole hype of BRITNEY the performer, without much consideration for how Britney Jean Spears, the person, was coping through each day. Looking back now, I remember you saying this in front of me… pic.twitter.com/I80ODPKPvq
— Zachary Gordon (@ZacharyGordon95) June 22, 2021
фото:profimedia
извор:GLOSSY