Зошто е важно да се чита?
Постојано ви зборуваат дека мора да читате книги, а вие постојано се прашувате зошто? Сега конечно имаме одговор ...
Читањето за разлика од гледањето телевизија или слушањето музика активира многу делови на мозокот во кои се вклучени видот, зборувањето и учењето. Тоа значи дека читањето е активност која ги подобрува меморијата и помнењето.
Тинејџерите кои читаат од задоволство не само што се подобри во училиште, туку имаат побогат речник, подобри општи познавања и подобро разбирање за другите.
Читањто го зголемува коефициентот на интелигенција и е ментална стимулација на мозокот.
Тинејџерите кои читаат по 3000 зборови дневно, според истражувањата покажуваат најдобри резултати во решавање стандардизирани тестови.
Оние кои секојдневно читаат се на ментално ниво една година понапред од оние кои не го прават тоа.
Пасионираните читатели имаат 2,5 пати поголеми изгледи за солидна заработувачка по завршувањето на своето образование.
Читањто го смалува стресот. Истражувањата покажуваат дека читањето во траење од само 6 минути може да го смали стресот за 68 %.
Луѓето кои една книга читаат повеќе пати го пронаоѓаат истото задоволство како и ониe кои повторно го гледаат истиот филм. Студиите покажуваат дека не е добро само читањето, туку и повторното читање на веќе еднаш прочитана книга.
15 минути читање дневно=1 милион зборови годишно.
Главни придобивки од читањето: подобро изразување, одлични оценки, поголема реализираност подоцна во животот.
Сè што читате е нов извор на информации за вашиот мозок што не знаете кога ќе ви затребаат. Колку повеќе знаење имате, полесно ќе излезете на крај со кој било предизвик во животот.