Зошто кажуваме „На здравје“ на оној кој кивнува? Ни застанува ли срцето секој пат кога киваме?
Освен доколку не се држиш до бонтонот, веројатно ќе кажеш „на здравје“ кога некој кивнува.
Зошто? Постојат многу теории за потеклото на овој одговор, но сите се сосредочени на истата идеја: доколку кажеш „на здравје“ на оној кој кивнува, сакаш да си го зачува здравјето.
Звучи неверојатно... но, сепак е малку можно? Но, што се случува со кивањето и какво влијание има тоа на твоето срце?
Замисли дека кивањето има одбрамбен механизам. „Тоа е инстиктивно однесување кое служи за носот да се исчисти од прашина и од другите честички“ - вели доктор Кристофер Кели, доктор кардиолог и автор на книгата „Am I Dying?!: A Complete Guide to Your Symptoms - and What to Do Next“.
Кога внатрешноста на твојот нос се иритира, ги затвораш очите, длабоко вдишуваш, а твоите градни мускули го исфрлаат воздухот од белите дробови со голема брзина, а со тоа се плакне носот и чисти се што твоето тело смета дека не треба да биде таму.
Што е со теоријата во која срцето застанува?
Тоа е еден од оние митови кои имаат ронка вистина, вели доктор Бенџамин С. Блеир, оториноларинголог во Mass Eye and Ear во Бостон. Размисли за положбата на срцето во телото - тоа близу до белите дробови и градите. Длабокото земање на воздух може да го активира другиот нерв кој се вика вагусниот нерв (поминува од мозокот до дел од дебелото црево), вели доктор Блеир. Меѓу многуте одговорности, овој нерв испраќа сигнал до срцето да успори, вели доктор Кели - поради тоа неколкуте длабоки зимања на воздух може да помогнат да се успори работата на срцето и да се смирите кога сте под стрес.
„Кај некои луѓе длабокото зимање на воздух кое се јавува пред кивањето може да го активира вагусниот нерв толку силно, па срцето за кратко да успори или пак дури да го прескокне ритамот“ - вели доктор Кели.
ЗАКЛУЧОК: Не, твоето срце всушност не застанува кога кивнуваш. Може да успори и да прескокне, но поради тоа нема причина за грижа.