Зошто Меган Маркл се уште нема британско државјанство?
Веста дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, се уште нема британско државјанство изненади многу луѓе. Најмногу поради тоа што никој не размислувал за тоа, бидејќи делува логично дека со влегувањето во британското кралско семејство, веднаш добила и државјанство, но изгледа дека работите не се такви.
Пријателката на Меган за Daily Mail изјави:
„Меган се уште не е британска државјанка. Иако тоа можеби звучи неверојатно, со оглед на тоа што е во брак со внук на кралицата веќе 18 месеци, но таа едноставно прифатила дека овој процес трае малку подолго.“
Меган најверојатно за државјанство аплицирала уште во 2017 година, кога се вери со принцот Хари, но од Кенсингтонската палата изјавија дека процесот за добивање на државјанство навистина „може да потрае со години“, јавува Cosmopolitan.
За среќа, овој факт на никој начин не влијае на животот на Меган во Велика Британија.