Зошто ми доцни: 8 причини зошто менструацијата може да биде нередовна

Зошто ми доцни: 8 причини зошто менструацијата може да биде нередовна

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Многу се грижиме кога менструацијата ни доцни или е нередовна. Девојките обично тоа му го препишуваат на стресот, но стресот е најмалиот виновник за нередовниот циклус.

Девојките кои се сексуално активни веднаш се сомневаат на бременост кога им доцни менструацијата, а другите стануваат екстремно загрижено за своето здравје. Постојат повеќе различни причини поради кои менструацијата доцни, а во прашање не мора да бидат неочекувана бременост или нарушено здравје.

Ова се 8 - те можни причини зошто менструацијата може да биде нередовна:

# Меструација за првпат сте добиле во последните две години

Пубертетот е процес кој трае, никој не оди да си легне во кревет како дете и да се разбуди како тинејџер. Исто така, на сигналите кои патуваат од женскиот мозок до јајниците, кои се виновник за крварењето секој месец им треба време за да созреат. Познатиот гинеколог Џенифер Ештон вели дека доколку имаме нередовна менструација цели две години тогаш таа нема толку брзо да стане редовна, бидејќи нашиот мозок е навикнат на тоа доцнење и сето тоа е нормално. Без оглед на сето тоа, Ештон препорачува девојките од 13 до 15 години да одат на гинеколог. 

# Погрешно ги забележуваш датумите (или воопшто не ги забележуваш и следиш)

Доколку твојот менструален циклус е здрав, од првиот ден од менструацијата и првиот ден од следната менструација треба да помине период од 21 до 40 дена. Во случај да не ја забележуваш својата менструација и да не ја следиш, можеби воопшто нема да забележиш дека е нередовна. Многу е тешко да се сетиш кога последен пат си имала менструација, што значи дека треба да започнеш да го правиш тоа. Можеш да го правиш рачно и да запишуваш во календар или да искористиш некоја од многуте апликации.

# Пореметувања во исхраната

Бидејќи постои одреден број на килограми за девојките да добијат менструација, исто така може да постои и одреден број на килограми за девојктие да го задржат редовниот циклус. Можеби си слушнала дека девојките кои се занимаваат со спортски активности, а имаат многу малку маснотии во телото често само ја „губат“ менструацијата. Тоа е можно биолошки, но девојките кои се за занимаваат рекреативно со спорт или во училиште не би требало тоа да го доживеат. Доколку имаш некои пореметувања во исхраната или си многу слаба мораш да се обратиш на својот лекар.

# Имаш синдром на полицистични јајници

Синдромот на полицистични јајници е пореметување од непозната причина, кое се карактеризира со пореметување на менструалниот циклус. Докторите не се сигурни дали за оваа болест е виновна генетиката или нешто друго. Девојките кои ја имаат оваа болест често имаат нередовна менструација која се јавува во период од 6 до 8 недели. Или уште полошо - може една година менструацијата да не се ни појави. Другите симптоми на полицистични јајници се дебелеењето, мрсната кожа и акни, депресија, опаѓање на косата... доколку мислиш дека имаш некој од овие симптоми контактирај го својот лекар.

# Си започнала да пиеш лекови за контрацепција или не ги пиеш лековите редовно

Било кои лекови за контрацепција ќе го променат нивото на естроген во телото што може да влијае на менструацијата. Ќе ти треба одреден период за телото да се прилагоди, особено доколку менструацијата била нередовна. Освен што може да ја спречат бременоста, овие лекови може да им помогнат на девојките кои немаат редовна менструација. Многу е важно да пијат секој ден во исто време без да се пропушти еден ден. Доколку прескокнеш еден ден, циклусот може стане нередовен.

# Пиеш одредени лекарства

Доколку пиеш лекарства против депресии, тегобии, биполарно пореметување или некое друго психијатриско нарушување, тие лекови може потенцијално да ја направат твојата менструација нередовна. Ова не значи дека треба да се откажеш од лековите на своја рака, туку треба да се советуваш со лекар.

# Си имала вагинално крварење, но тоа не било менструација

Не секое крварење од вагината е менструација. Во многу екстремни случаи можно е да крвариш поради инфекции, тумор или нешто слично. Единствен начин на кој можеш да сфатиш дали крвариш поради менструација или нешто друго е да го следиш својот циклус и да ги забележуваш датумите.

# Бремена си

Доцнењето на менструацијата може да значи бременост, особено доколку си сексуално активна, а не си склона кон претерана заштита. Или се штитиш на пример со кондоми, но тоа не ти гарантира 100% безбедност. Доколку мислиш дека си бремена можеш да купиш тест за бременост и да бидеш сигурна зошто ти доцни менструацијата.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: