Зошто обожавателите на Бритни Спирс, бараат од Џастин Тимберлејк да ѝ се извини?
Иако не се видени заедно уште од 2002 година, документарецот ги потсети обожавателите на минатото, поточно на времето кога најпопуларните музичари се забавуваа...
По емотивниот документарец „Framing Britney Spears“, кој го објави Њујорк Тајмс, обожавателите побараа поп ѕвездата Џастин Тимерлејк да ѝ се извини на Бритни Спирс, поради начинот на кој ја третирал додека биле во врска во 2000 - тите години.
Иако не се видени заедно од 2002 година, документарниот филм ги врати обожавателите во времето кога се забавуваа најпопуларните музичари во светот.
Филмот прикажува моменти и детали кои влијаеле на кариерата на поп-пејачката, но исто така и делумно довеле до нејзин нервен слом во 2007 година.
Иако првичната идеја беше да се расветли движењето #FreeBritney, кое се залага за укинување на старателството што таткото на Бритни Спирс го имаше над пејачката уште од кризата со менталното здравје, јавноста е насочена кон сагата Тимберлејк - Спирс.
Поранешниот пар, кој се појави заедно во Дизни серијата „The All-New Mickey Mouse Club“, се забавуваше од 1998 до 2002 година. И додека Тимберлејк излезе од врската како урбано, кул, момче од Њујорк, Бритни Спирс стана главната негативец на американските медиуми.
„Начинот на кој медиумите се однесуваа кон неа беше ужасен. Како да се во средно училиште и таа е само ку*ва во ходникот, а Тимберлејк е главниот играч на најпопуларниот спортски тим“ - рече критичарот Весли Морис во филмот.
Фановите на Твитер напишаа дека Тимберлејк ја искористи Бритни Спирс за да ја промовира својата кариера и побараа извинување од него.
За ваквиот наратив, обожавателите веруваат, но и критичарите во филмот, виновен е самиот Тимберлејк.