Зошто девојките имаат полн гардеробер со облека, а носат само 5 парчиња?
Немам што да облечам! Ова реченица ѝ е добро позната на секоја девојка. Но, и момците сигурно често се прашуваат како девојките постојано немаат што да облечат, а имаат полни гардеробери со парчиња облека. Еве го објаснувањето:
Девојките носат само две третини од својата облека во нивниот гардеробер. Колку и да звучи чудно најчесто нивниот избор е ограничен на пет парчиња од омилената облека. Неколку истражувања и анкети во последниов период докажуваат дека кога станува збор за секојдневниот изглед девојките се фокусираат на пет омилени стилови кои обично вклучуваат пфармерки, неколку маици, блузи или елеци. Една третина од девојките ќе ги изберат истите црни панталони секоја вечер, а 70% ќе им веруваат на тесните фармерки.
Причината за носење специфична комбинација на облека за 75% од девојките е тоа што тие во неа се чувствуваат удобно. Останатите 25% велат дека едноставно немаат време да размислуваат за она што го носат, а 10% од нив го избираат стилот за кој добиваат најмногу комплименти.
Момците пак, исто така, имаат тенденција да избираат поудобна облека. Од 1.000 претставници на посилниот пол, повеќе од половина признале дека не носат најмалку 30% од облеката во нивниот плакар.