Ѕвездата на „Elite“ во креација на српски дизајнер: За него пишуваат и светските медумите, а дамите го обожаваат ова момче од Зрењанин
Убавата Карла Диаз во популарната серија „Elite“ се појави во една од креациите на Михаило Анушиќ, креативниот директор на брендот „Mihano Momosa“.
Серијата „Elite“ која само на прв поглед изгледаше како само уште една тинејџерска лесна драма, за кратко време ги воодушеви гледачите ширум светот со слоевитата приказна за општеството и односите, распаднатите семејства и погрешните вредности.
Слободно можеме да кажеме дека ги руши сите рекорди на гледаност, а сега конечно имавме можност да ги изгледаме и новите епизоди од 4 - тата сезона. Нетфликс многу придонесе не само за популаризацијата на шпанските серии (како „La Casa de Papel), туку и за нивните актери, а една од оние кои особено се истакна е убавата Карла Диаз.
Диаз покрај глумата, се занимава и со танц, а иако веќе играла во многу остварувања, дури серијата „Elite“ ѝ ја донесе популарноста која ја заслужува. Само на Инстаграм ја следат над 1.3 милиони следбеници кои ги воодушевува со својот специфичен стил на облекување и необичниот изглед.
Убавата актерка сега ја поврзаа и со Србија, а причината за тоа е талентираното момче од Зрењанин за кое пишуваа и светските медиуми, Михаило Анушиќ, креативниот директор на брендот „Mihano Momosa“.
Креаторот е препознатлив по неверојатните креации со голема доза на елеганција, а иако костимите и фустаните во основа се едноставни, Михаило ги прави уникатни украсувајќи ги со препознатливите детали на овој бренд, како што се преголемите рози и пердуви.
Убавата Карла облече едно вакво парче и тоа во серијата „Elite“, а во прашање е розов фустан од пердуви. Карла остана доследна на својата кратка коса, а впечатливото парче го искомбинира со ремен и едноставна шминка.
Ова издание, следбениците ги остави без текст, а коментарите за поддршка само се нижеа.
Михајло, брендот „Mihano Momosa“ го основал во 2011 година, а истата година и дебатирал на белградската модна недела со првата колекција под назив „Оливера“, чие име го носи мајката на дизајнерот која му била и останала извор на инспирација за секое создадено дело.
Во модниот свет влета случајно, иако уште како дете експериментирал со облекувањето, кога неговата најдобра другарка сакала да ѝ го дизајнира фустанот за венчавката на сестра ѝ. Идејата била да креаира фустан од пердуви, а покрај потешкотиите со набавката на материјалите, не се откажал и резултатот на крајот бил фустан за кој сите зборувале. Тогаш сфатил дека повикот на дизајнерот би можел да биде негов повик.
Своите колекции ги презентирал на модните недели во Белград, а уште во 2013 година модниот магазин „Grazia“ му додели награда за најдобра ревија на Белградската модна недела, а во 2017 година беше прогласен за најдобар дизајнер на годината на „The Elle Style Awards“ во Белград.
Познатите личности кои на самиот почетокот го препознаа се Јелена Карлеуша, Зоранах, Наташа Беквалац, Северина, Ивана Шпановиќ, Тамара Калиниќ и многу други.
За неговиот успех пишуваше и американскиот магазин „Форбс“, а неговите квалитети ги препознаа и светските имиња и креации со негов потпис носеа и актерките и моделите како Елена перминова, Ели Голдинг, Карла Риверо и Шеј Мишел, а сега неговиот талент очигледно го препознаат и творците на серијата „Elite“.
Некои од креациите на Михаило кои го воодушевија светот може да ги погледнете во продолжение:
фото: Инстаграм