Ѕвездата на популарната серија „The Queen's Gambit“ нема свој дом: Моментално работи на тоа

Ѕвездата на популарната серија „The Queen's Gambit“ нема свој дом: Моментално работи на тоа

Објавена во: Stars // Филм

Елизабет Хармон е лик од серијата „The Queen's Gambit“ кој маестрално го донесе Ања Тејлор - Џој...

Актерката Ања Тејлор - Џој, која во серијата „The Queen's Gambit“ ја глумеше девојката Елизабет Хармон, доби огромна популарност откако оваа серија неколку недели беше една од најгледаните. Освен популарноста, ѝ се отворија и многу врати за нови улоги, па така сигурно ќе ја гледаме во уште некои серии или филмови, бидејќи станува збор за одлична актерка.

Ѕвездата на популарната серија „The Queen's Gambit“ откри дека долго време нема свој дом. Свое прибежиште веќе имала во светски познатите градови како Њујорк, Лос Анџелес и Лондон, но нејзин дома, како таков нема со оглед на тоа дека многу се селела уште во детството.

Ања е родена во Мајами, но во детството дури шест години живеела во Аргентина, по што се преселила во Лондон. Таа посочи дека на почетокот одбивала да научи англиски, бидејќи сакала да се врати во својот поранешен дом, пренесува магазинот „Hello“.

Минатата година за „Live With Kelly & Ryan“ кажа: „Всушност, моментално немам дом. Родена сум во САД, но потоа се преселив во Аргентина, каде е целото мое семејство, па потоа се преселивме во Лондон. Потоа почнав да се занимавам со глума и не престанав да снимам, така што всушност сѐ уште немам свој дом, но моментално работам на тоа“ - кажа Ања.

За време на минатогодишниот карантин, живеела во Лондон со своето момче и пријателите. Напоменува дека ѝ било одлично во тоа друштво и дека во тој период доживеала емотивен раст на што е многу благодарна.

фото: Принтскрин од imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: