Ѕвездата на серијата „Wednesday“ обвинета за повеќекратни сексулани напади: Перси Вајт молчи додека се собираат доказите
Социјалните мрежи горат од обвинувања, а младиот актер молчи...
Како што најави Нетфликс, ќе се снима уште една сезона од серијата „Wednesday“, но по жестоките обвинувања и доказни материјали, еден од актерите можеби нема да може да се врати на сетот.
Перси Хајнс Вајт, кој го играше ликот на Ксавиер Торп, е обвинет за сексуални напади во низа твитови кои се споделени од девојки кои тврдат дека биле негови жртви.
here's what i sent!! just so everyone can hopefully see pic.twitter.com/FxI1x1dQLR
Бранот обвинувања започна со објавата на девојка под корисничко име @milkievich, која на својот Твитер профил напиша дека актерот ја нападнал неа и неколку нејзини пријатели додека живеел во Торонто на возраст од 17 до 20 години. Со оглед на тоа што Вајт немаше постигнато некој забележителен актерски успех пред серијата „Wednesday“, девојката напиша дека таа и нејзините пријатели чувствувале мачнини ога го виделе во популарната серија.
knowing that me and my friend's shocked, sick to our stomach reactions to seeing Percy Hynes White in our new favorite show is finally and my experience at his party in high school being justified cus yall are LISTENINGGGG . thank you
— aries PINNED #cancelpercy (@milkievich) January 19, 2023
На Твитер може да се најдат тврдења дека Вајт и неговата група пријатели имале репутација на „лоши момци“. Наводно, Вајт и неговите пријатели организирале забави, на кои единствена цел била да ги опијанат девојките, а потоа сексуално да ги искористуваат. Девојките кои биле негови жртви биле на возраст помеѓу 13 и 16 години.
На Твитер кружат одвратните пораки кои им ги испраќал на своите жртви, негови разголени фотографии, па дури и видео во кое користи погрден израз за луѓето со црна кожа. Во моментов има многу активна кампања под назив #cancelpercy.
Вајт не одговори на овие наводи. Неговото име е во тренд на Твитер, а обожавателите на серијата бараат тој да биде отстранет, па ни Нетфликс нема да може да го игнорира сето ова што се случува.
фото: Принтскрин / Инстаграм