Ѕвездата од филмот „Сам дома“ пред 8 години ја шокираше јавноста со својот изглед: Денеска е друга личност
Мекали Калкин кој во август наполни 41 година по планетарниот успех по „Сам дома“ уште како 10 - годишно момче беше соочен со темната страна на популарноста. Иако со години во интервјуата одбиваше да зборува дека бил зависник од наркотици, во разговорот со новинарите од „Гардијан“ кажа: „Не е точно дека сум трошел 6.000 долари месечно за хероин“.
Меѓутоа, Мекали Калкин во 2004 година беше уапсен поради поседување на разни нелегални супстанци во Оклахоми.
„Сакам рекреативни дроги, тие ми се како стари пријатели, но никогаш некои пријатели треба да прераснат“ - изјави актерот за „Esquire“.
По турбулентните 20-ти и 30-ти, актерот се насочи кон здравиот и среќен живот пред крајот на 30-тите. Неодамна беше ангажиран во последната сезона на „American Horror Story“, а пред два дена се појави во улога на модел на ревијата на Гучи.
Мекали никогаш не изгледал подобро. Денес изгледа помладо и посвежо, отколку пред 20 години кога се борел со најголемите демони.
Актерот од 2017 година е во врска со колешката Бренда Сонг со која го доби синот Дакота Сонг Калкин на 5 април 2021 година.
фото: Profimedia