Ѕвездата од тин серијата „Riverdale“ открива: За цврстиот стомак е виновен шестминутниот тренинг
Меделин Петш фасцинираше многу тинејџерки со својата фигура која ја покажа во хит серијата „Riverdale“. И самата е горда на својот изглед, но повеќе е фасцинирана од она што човековото тело може да го направи.
„Воодушевена сум со работите кои можам да ги направам. Колку повеќе учам за сопственото тело, толку сум пофасцинирана.“ - рече таа за „Woman's Health“.
Многу се движи и тренира со Стивен Пастерино.
„Колку повеќе се движам, толку сум посреќна. Мислам дека најголема болка чувствувам во стомакот и го скаам тоа, бидејќи знам дека нешто се случува“ - појаснува и истакнува дека таа болка ја предизвикуваат вежбите кои траат само шест минути.
„Навистина убива и тоа е најтешкото нешто што го имам пробано. Тренерот тоа го вика шестминутен тренинг и не ми кажува колку време останало, бидејќи мојот мозок тоа не би можел да го поднесе.“
Исто така, на сево ова таа се придржува и до здравиот начин на хранење.
„Во секој оброк вклучувам протеини, бидејќи сум свесна колку тие се важен извор на енергија.“ - вели Меделин, која е „слаба“ на јаглехидратите.
„Секогаш јадам појадок, а понекогаш до 17 часот не успевам да ручам, бидејќи заборавам и тогаш забележувам дека немам енергија“ - заклучи таа.