Ѝ ја отвора вратата, ѝ купува цвеќе, ја носи на грб, а таа - несреќна: Зошто синот на Дејвид Бекам е прогласен за најголем папучар
фото:Profimedia
Бруклин Бекам (23) ужива на меден месец со Никол Пелц (27), но папараците забележаа нешто чудно.
Бруклин Бекам моментално ужива на меден месец со сопругата Никол со која патува низ Европа. Секако дека папараците ги следат каде и да одат и секако сите го очекуваа гламурот што го опкружува овој млад, богат пар, но никој не очекуваше таква досада на лицето на младата жена.
Бруклин ја третира сопругата како вистински џентлмен, па сите се сведоци како тој ѝ купува букети цвеќе, ѝ отвора врати, ја носи на вечери во скапи ресторани, но на лицето на Никол Пелц ретко се гледа насмевка.
Додека едни коментираат дека не ѝ е забавно со сопругот, други велат дека ги следи стапките на нејзината свекрва, Викторија Бекам која со години не ја покажуваше насмевката во јавност, а неодамна откри и зошто никогаш не се смеела во јавност.
Дали нејзиниот сопруг ѝ е досаден?
Бидејќи Бруклин ја „осипува“ со скапи подароци, сите се прашуваат што прави и од каде пари за да ѝ купи на сопругата прстен вреден 200.000 долари?! Јавноста вели дека Бекам нема талент, но има пари од родителите.
Тој сега прави серија епизоди наречени „Готви со Бруклин“, по што доби и критики затоа што беше откриено дека му требаат 100.000 долари за да сними една епизода. За тоа време неговата сопруга Никол се обидува да изгради име во актерскиот свет , но и за неа не се сè розево кога е нејзината кариера во прашање.
Додека среќата не им се насмевне, секогаш ќе имаат богати родители, нели?
фото:profimediaизвор:stil.kurir
За венчавката потрошија милиони, а подароците не ги ни видоа: Гостите на Бекамови морале парите да ги проследат на оваа адреса