Карлеуша објави видео со ќерката: Еден детаљ во врска со Атина предизвика неверување
Нејзините објави не може да ве остават рамнодушни...
Постарата ќерка на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ во септември ќе наполни 13 години. Токму поради тоа, обожавателите зачудено реагираа на најновото видео кое го сподели пејачката, чудејќи се како е можно нејзината наследничка да е толку висока.
Карлеуша на Инстаграм стори објави видео со Атина на кое тие двете позираат во рамни обувки, па јасно се гледа колку девојчето има пораснато.
Таа уште на 12 години е скоро исто висока како и нејзината мајка, која е висока 180 сантиметри, па во слободна проценка се заклучува дека Атина веќе има околу 177 сантиметри.
„Јелена е одлична како и секогаш, но Атина... се чудам, колку е таа висока?“, „Човеку, тие двете се скоро иста висина!“, „Па таа е целосна копија на мајка ѝ“ - се само некои од коментарите на фан страниците.