Музички времеплов: Топ 3 песни од времето кога Констракта била дел од составот „Земља грува“
Пред да се осамостои и пред да стане Констракта, Ана Ѓуриќ беше дел од бендот „Земља грува“ со кој забележа значителни успеси. Овогодинешната српска претставничка на Евровизија направи вистински бум со песната „In Corpore Sano“, која е слуша насекаде во светот и за која не се сомневаме дека има шанси и за некое високо место.
Но, не можеме да кажеме дека пред оваа песна, Ана не правела квалитетна музика, која се слушала, зошто доколку го кажеме тоа веднаш ќе не демантираат прегледите на Јутјуб на песните од времето кога Констракта била дел од „Земља грува“.
Во продолжение ви ги издвојува 3-те песни на „Земља грува“, кои имаат најмногу прегледи на Јутјуб:
# „Џанго“ - 2 милиони прегледи
# „Нисам знала да сам ово хтела“ - 1.8 милиони прегледи
# „Да би нам“ - 950.000 прегледи