Влатко Гроздановски: Како дете сонував за Реал, Барселона и Манчестер
Оваа недела на своите тинејџерски денови се потсетува фудбалерот Влатко Гроздановски.
Влатко неретко се сеќава на своите фудбалски почетоци и како што изјави во едно интервју како дете секој слободен момент го поминувал на фудбалските игралишта и од таму му се родила љубовта кон овој спорт.
„Фудбал играв во маало од 6-7 години, а почнав да тренирам во ФК Вардар на 11 годишна возраст“, откри Влатко.
Негова најголема желба како тинејџер му била да заигра за ФК Вардар, но и за некој од големите светски тимови.
„Како дете сонував за клубови како Реал, Барселона и Манчестер. Горд сум што ми се исполни желбата од детството и заиграв за ФК Вардар. Се` што постигнав по ФК Вардар го сфаќав како работа, само за ФК Вардар играњето е љувов.“, открива Влатко.
Фото: Фејсбук