10 начини на кои Интернетот ни ги уништи животите и меѓучовечките односи

10 начини на кои Интернетот ни ги уништи животите и меѓучовечките односи

Објавена во: Совети // Другарство

Секој ќе се препознае барем во една точна...

Не можеме без Интернетот, но понекогаш посакуваме да не постои. Во продолжение е листа од 10 ситуации во кои со задоволство трајно би го изгасиле WiFi - то, како на себе, така и на другите околу нас.

# Роднини на социјалните мрежи

Приватноста повеќе не постои и сега сите, вклучувајќи ги и бабата и тетката од Германија, може да знаат каде се наоѓаме во секој момент. Колку и да се трудиш да ги одбегнеш срамните коментари на Фејсбук или Инстаграм, понекогаш тоа е невозможно.

# Не можеме да уживаме во вистинскиот свет без виртуелниот

Многумина од нас заборавија како да се забавуваат со пријателите во живо без мобилните и да објавуваат на социјалните мрежи. Добар дел од нашите кафиња со пријателите се сведуваат во потрага на WiFi, фотографирање и тагнување на пријателите на „сторињата“ на Инстаграм.

# Нервозни сме кога немаме пристап до Интернет

Колку пати ни се случило да останеме без мобилен интерент или WiFi во клучен момент? Тоа голем извор на фрустрирање во денешницата, иако навистина не би требало да биде.

# Станавме опседнати со барање на информации

Сакаме да знаеме се и го сакаме тоа веднаш. Наместо луѓето да ги запознаваме на традиционален начин, одлучуваме да им судиме по содржините на нивните социјални мрежи.

# FOMO

FOMO е скратеница од „fear of missing out3. Тоа е назив за појава кога се плашиме дека нешто ќе пропуштиме, дека ќе бидеме исклучени од важни настани. Социјалните мрежи често предизвикуваат FOMO, бидејќи на Инстаграм и Фејсбук секогаш ни изгледа дека сите лудо се забавуваат без нас. Наместо тоа да ја намали желбата за гледање на содржини на социјални мрежи, ова всушност ја зголемува истата, иако сме вклучени во настанот, никако не сакаме да го пропуштиме.

# Заборавивме како да учиме нови работи

Без Интернетот и паметните телефони веројатно не би можеле да се снајдеме во сообраќајниот метеж. Освен тоа, многумина од нас имаат заборавено да решаваат математички задачи без помош на калкулатор. Кога би се срушила глобалната мрежа еден ден, како би успеале да се снајдеме без Интернет?

# Сами ги дијагностицираме сопствените здравствени проблеми

На кој му е потребен доктор, кога има Интернет? На „Гугл“ обичните симптоми на настинка, често се претвараат во смртоносни болести. Ваквото однесување навистина е опасно, особено доколку самостојно одлучиме да ја лечиме болеста која Интернетот ни ја има дијагностицирано.

# Немаме слободно време

Всушност, имаме слободно време, но сепак се одлучуваме да го поминеме скролајќи на ТикТок и Инстаграм. Иако е забавно, ние тоа го правиме од навика. Замислете колку нови вештини би можеле да совладаме или колку би ги подобриле оценките доколку се откажеме од социјалните медиуми.

# Не знаеме да испратиме официјално писмо

Иако знаеме дека голем дел од молбите денес може да се испратат преку електронска пошта, постои можност еден ден да треба да испратиме вистинско писмо. На хартија. Знаеме ли да го составиме, напишеме и испратиме официјалното писмо?

# На Интернетот се е трајно 

Без разлика дали станува збор за онлајн насилство или за поранешно момче, тешко е да се побегне од некои луѓе и коментари на социјалните мрежи. Секогаш кога ни делува дека сме преболеле некои или нешто, таа личност или ситуација секогаш може да најде начин да се врати во нашиот живот преку социјалните мрежи.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: