10 најдобри, тинејџерски, романтични комедии на сите времиња!
Со момчето или со најдобрите другарки, овие филмови мора да ги изгледате.
#1 - "The Notebook" (2004)
Николас Спаркс навистина знае како да ни ги растрепери срцата. Во филмов сѐ е совршено, од почетната сцена со карневалот, до фамозниот бакнеж на дождот.
# 2 - "10 Things I Hate About
You" (1999)
Ова е мојот најомилен тинејџерски филм што постои. Го имам изгледано преку 30 пати и никогаш нема да ми здосади. Хит Леџер е неверојатен, а тоа го прави филмов совршен за да ги соберете другарките и да го гледате заедно.
#3 - "The Princess Diaries" (2001)
Пред Кејт Мидлтон и Меган Маркл, Миа Термополис владееше на сцената. Таа е типичната проблематична тинејџерка/принцеза која пробува да ја открие смислата на животот.
#4 - "High School Musical" (2006)
Кој би рекол дека можеш да си ја најдеш љубовта на караоке вечер во ски - ресорт на Бадник? Трој и Габриела беа #couplegoals во 2006-та, а мислам дека ќе се согласите со нас откако ќе го изгледате мјузиклот.
#5 - "The Fault in Our Stars" (2014)Хејзл и Гас се
двајца тинејџери кои страдаат од рак и се вљубуваат откако ќе се запознаат во
група за поддршка. Заедно, се обидуваат да ги живеат нивните животи до максимум сѐ
дур имаат време.
Филмот се врти околу Надин и како таа расте и созрева, но исто така ни покажува дека љубовта понекогаш може да се појави кога најмалку ја очекуваш.
#7 - "The Last Song" (2010)Ова е филмот
што ги спои Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт. Двајцата се преслатки во филмот, како
и во вистинскиот живот.
#8 - "A Walk to Remember" (2002)
Значи, ако не потрошите цело пакетче хартиени марамчиња дури го гледате филмов, нешто не е во ред со вас.
#9 - "Love, Simon" (2018)Ник Робинсон ни ги освои срцата во улогата на Сајмон. По низа перипетии, тој ја наоѓа љубовта онаму каде најмалку ќе ја очекува.
#10 - "The Kissing Booth" (2018)
Овој филм буквално ќе ве натера да отворите катче за бакнување и да се надевате дека ќе добиете прилика да ја бакнете симпатијата.