„100 песни“ е првиот сингл на бендот 2BE
Скопскиот поп-рок бенд 2BE дебитира на македонската музичка сцена со „100 песни“. Комплетен автор на нивната прва песна е Ѓорги Крстевски и неговата KM Entertainment.
„Веќе подолго време работиме на наша авторска музика, но не беше тешко да одлучиме дека првата песна ќе ја довериме на докажаниот автор Ѓорги Крстевски“, велат од 2Be.
Спотот за песната е снимен со техниката „one take“ и е меѓу првите такви видео-записи во Македонија. Триото 2BE го сочинуваат Љупче Стојановски – гитара и вокал, Тино Стојановски – гитара и Синиша Зукиќ – тапани и кахон.
Изминатите две години 2Be активно настапува низ Македонија и заедно со Александра Јанева ги реализираа преработките од проектот #summerjam.