1.000 неквалификувани наставници без вистинска диплома учеле 27.000 деца: Во овој град е најлошо
Според податоците на Министерството за образование, во Србија минатата година имало 1.000 неквалификувани наставници и тие учеле околу 27.000 основци.
За да го реши проблемот со недостаток на квалификувани наставници за поединечни предмети, Министерството подготвува конкурс за стипендирање на студентите од втора и трета година по физика, математика, информатика, српски, англиски и германски јазик и книжевност, кои се заинтересирани по студирањето да работат во училиште.
Како што се наведува, Министерството за образование сака со стипендии од 12.000 динари месечно да им го посочи на студентите значењето на наставничката професија.
Наведените предмети во некои училишта предаваат просветни работници кои го немаат потребното образование пропишано со правилниците. Според некои податоци на Министерството, има 457 неквалификувани наставници по математика, 239 по физика, 107 по информатика, 133 наставници по германиски и 48 по англиски јазик.
Најлоша е состојбата во Зрењанин, а најдобра во Крагуевац, пишува „Новости“.