11-годишната гостиварчанка држи лекција: Ја освои и Тамара Тодевска со изведбата на „Proud“ (ВИДЕО)

11-годишната гостиварчанка држи лекција: Ја освои и Тамара Тодевска со изведбата на „Proud“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Откако на Интернационалниот музички фестивал „Golden Stars Rain“ во Русија ја освои највисоката награда - Гран При, 11-годишната Тамара Грујевска од Гостивар постојано ја позитивно ја изненадува македонската јавност.

Од нејзиниот талент и вокал, не се изненадени само гледачите и љубителите на музиката, туку и познатите изведувачи. Последна во низата познати пејачки, која се воодушеви од гласовните способности на Тамара е нејзината имењачка, Тамара Тодевска. Пејачката не го криеше своето воодушевување и тоа јавно го покажа на својот Инстаграм профил.

Имено, младата Тамара во една емисија ја отпеа евровизиската песна „Proud“, со која Тодевска ѝ го обезбеди највисокиот пласман на нашата држава на Евровизија, а видеото од настапот заврши на стори кај постарата колешка.

„Единаесетгодишната Тамара Грујевска држи лекција! Браво среќо, ти посакувам многу исполнети соништа“ - покрај видеото напиша Тодевска, не криејќи дека ѝ се допаднала изведбата на песната со која постигна историски успех.

Видеото од настапот на младата Тамара може да го погледнете во продолжение:


фото: Принтскрин / Инстаграм 

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: