12 години без Тоше: Зар некој може да те замени?

12 години без Тоше: Зар некој може да те замени?

Објавена во: Stars // Музика

Некои луѓе имаат само датум на раѓање, но не може да не се потсетиме и денот кога сме ги изгубиле.

Нѐ напушти на денешен ден пред 12 години. Остана запаметен по неговата скромност и хуманост. Миленик на сите генерации, обожуван на целиот Балкан. Тоше Проески на 16 октомври 2007 година трагично настрада во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, во Хрватска. Имаше само 26 години.

Од настапот на„Златно славејче“, преку „Евровизија“, па сѐ до полните стадиони, Тоше со својата појава и харизма ги освојуваше сите. Минатата година се организираше концерт во арената „А1“, на кој познати македонски и балкански музички имиња ги отпеаа најголемите хитови на Тоше.


Денес, по 12 години песните на пејачот со ангелски глас сѐ уште се пеат, а неговите најпознати фанови ги пренесуваат на помладите генерации.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: