1.200.000 долари за вереничкиот прстен за ќерката на Трамп: Кој е нејзиниот избраник?

1.200.000 долари за вереничкиот прстен за ќерката на Трамп: Кој е нејзиниот избраник?

Објавена во: Живот // Живот

Еве кој е и со што се занима идниот сопруг на Тифани Трамп...

Младиот американски претприемач со арапски корени, Мајкл Булос е идниот зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тој оваа недела ја запроси 27 - годишната Тифани Трамп со прстен вреден 1,2 милиони долари.

Мајкл ќе ја наследи деловната империја на неговиот татко во Африка, па заедничкиот имот на идната двојка би можел да биде неколку милијарди долари. Неговиот татко, Мосад Булос, е голем поддржувач на Доналд Трамп и тој е горд на својот син и едвај ја чека неговата венчавка.

„Тоа е одлична вест! Нивната љубовна приказна е прекрасна и така ќе биде и во иднина“ - рече претприемачот.

Тој исто така заклучи дека „Трамп е најдобриот американски претседател во поновата историја и дека имал голем успех во Белата куќа“.

Идниот зет на Доналд Трамп е роден во Хјустон како второ од четирите деца. Израснал во Лагос, каде што живеел некое време, и како и остатокот од семејството, одел во престижни училишта.

Од рана возраст, Мајкл бил решен да ја преземе работата на неговиот татко и за разлика од неговиот постар брат Фарес, кој претпочита уметност, би можел да успее во тоа.

Тифани ја запознал во 2018 година, па решил да се смири, а дотогаш претпочитал слободен живот и скоро секојдневно ги менувал девојките. Често патувал со пријателите на дестинации познати по забави, а за време на летата редовно престојувал на јахти во Медитеранот.

Денес, неговиот татко е еден од водечките луѓе на групацијата „Fadoul“. Роден е на границата на Либан и Сирија, а бил студент кога се оженил со Сара Фадул, ќерка на тајкунот Зухар Фадул, кој го вовел во семејниот бизнис.

Во меѓувреме, Сара ја основала уметничката организација „SPAN“ во Нигерија, но кога Мајкл имал само шест години, страшна трагедија го погодила семејството. Нејзината мајка и брат на Божиќ полетале во Бејрут со уште тројца членови на семејството, но авионот со кој патувале се урнал.

„Таа трагедија го обележа семејството засекогаш. Сите бевме шокирани“ - рече Масад.

Мајкл по средното училиште, образованието го продолжил во Лондон.

„Тој беше типично дете на богати родители додека живееше таму. Често слушав гласна музика од неговиот стан, но ништо друго“ - во една прилика откри сопственикот на станот во кој пресојувал.

Младиот претприемач завршил проектен менаџмент, па гордо тргнал по стапките на неговиот татко, а голема улога во неговото работење има и неговиот иден свекор, Доналд Трамп.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: