13 знаци кои ве прават поинтелигентни отколку што мислите
Љубопитноста, помеѓу останатото е карактеристика на интелигентните луѓе, бидејќи нивниот начин на размислување е многу посуптилен, што значи дека се долгорочно заинтересирани за откривање на нови работи и личен развој...
# Сте оделе во музичко училиште
Свирењето на инструменти помага во развојот на еден човек. Една од студиите тврди дека само еден месец учење на музичките ноти може да му помогне на дете помеѓу четири и шест години значително да ги подобри своите резултати на тестовите и да им го олесни учењето.
# Вие сте најстари помеѓу децата во вашето семејство
Едно интересно истражување покажало дека постарите дева имаат малку поголема, но значајна предност кога е во прашање IQ во однос на нивните млади браќа и сестри. Тоа е причината што постарите деца обично се поуспешни од помладите во семејството.
# Имате вита фигура
Едно истражување од 2006 година открива интересна поврзаност - колку нечија половина е поширока, толку личноста има понисни способности.
# Доколку ве доела вашата мајка
Научници од Велика Британија и Нов Зеланд проучувале околу 3000 деца и откриле дека оние кои цицале, во просек имаат 7 бодови повеќе на тестовите за интелигенцијата од оние кои не цицале.
# Сакале да читаат книги уште како деца
Се сеќавате ли дали сте сакале да читате уште како дете? Големи се шансите дека сте многу паметни, особено доколку вашата љубов кон книгите започнала кога сте биле многу млади.
# Доколку си левак
Иако научните се уште не го објасниле овој феномен, најновите истражувања покажуваат дека луѓето кои се леваци се склони кон креативен начин на размислување кој се користи за решавање на проблемите и задачите.
# Често се грижите
Се повеќе и повеќе истражувања докажуваат како луѓето кои често се грижат околу некои работи може да бидат поинтелигентни. Тоа може да се објасни со тоа што тие секогаш размислуваат за можните последици и пробуваат да се осигураат се да испадне што е можно подобро.
# Високи сте
Високите дева студираат подобро од своите врсници, а кога ќе пораснат заработуваат повеќе пари, покажале истражувањата спроведени на Универзитетот Princeton.
# Ги смеете луѓето
Смислата за хумор и високата интелигенција се поврзани. Во едно истражување околу 400 ученици го положиле тестот за интелигенција по што морале да смислат забавни наслови за сцени од цртаните филмови.
# Љубопитни сте
Професорот по деловна психологија од еден лондонски универзитет дошол до заклучок дека љубопитноста е важна карактеристика на интелигентните луѓе. Љубопитните луѓе имаат префинет облик на размислување, што значи дека долгорочно се заинтересирани за откривање на нови работи и личен развој.
# Тежнеете кон совршенство
Луѓето кои се паметни обично се перфекционисти. Никогаш не се потполно задоволни. Доколку се заниваат со спорт, се вложуваат дополнително и тренираат за да бидат уште подобри.
# Вие сте ноќна птица
Иако може звучи несериозно, луѓето кои сакаат да бидат будни ноќе, воглавно се поинтелигентни од оние кои стануваат рано. Природата им дала способност за работа и креативност ноќе, па врз основа на тоа научните заклучиле дека доцното заминување во кревет ги проширува границите на способностите.
# Пишувате неуредно
Можеби имат ужасен ракопис, но тоа е еден од показателите на „креативното пореметување“ кое претставува „гориво“ за оние со креативна природа.