14 практични идеи: Направи си сама совршена масичка за шминкање
Вашето ново омилено катче во домот!
Масичките за шминкање се едни од омилените катчиња во домот на сите девојки.
Тоа е само наш агол во спалната соба и затоа го уредуваме како што сакаме.
Ако сте љубител на класичен стил, ќе мора да потрошите малку повеќе пари за да купите или да направите масичка.
Но, ако сте креативец, обожавате да создавате нешто уникатно и само по ваш вкус, тогаш сте на вистинското место - ние ви донесуваме идеи како да направите своја сопствена маса за шминка.
Ако имате ретро маса и столче, тогаш само ќе треба да купите огледало што одговара и да и дадете нов изглед на старата маса за шминкање со евентуално менување на ткаенината.
Сè што треба да направите е да ги организирате шминката, парфеми, накитот и други лични предмети и вашата маса е подготвена.
Ако имате малку простор во собата или едноставно сте љубител на минималистички стил, ви стојат на располагање неколку опции - купете поголема ѕидна полица и закачете убаво огледало, користете ја масата што веќе ја имате.
Со малку фантазија, навистина можете да направите било што, затоа прелистајте ја нашата галерија и пронајдете инспирација за вашето ново омилено катче во домот!