15 дена ме држеше како робинка, ме тепаше и силуваше: Милица преживеала насилство и има порака за жените
Секој втор ден се прашувам како останав жива. Најверојатно Бог кажал така, дека треба уште да живеам.
Вака Милица Б. (24), дипломирана воспитувачка од Ниш ја почнува својата потресна исповед за „Телеграф“. Оваа млада девојка преживеала стравично насилство, чии детали никој не се осмелува да ги напише. Како што истакнува, решила за сето ова да проговори јавно за другите жени да ги предупреди да не чекаат да ги напуштат насилниците, бидејќи никогаш не знаат кој од следните денови со нив би можел да биде кобен.
Милица била во вонбрачна заедница со З.М. (25) кој денес го опишува со само еден збор - силеџија. Зборува дека постојано ја тепал, затворал во станот и ѝ се заканувал дека ќе ја убие, доколку се обиде да го остави. Младата девојка од Ниш инаку имала тешко детство. На 10 години останала без мајка, а ја израснале баба ѝ, дедо ѝ и тетка ѝ. И покрај тоа, секогаш била одличен ученик и дете за пример.
Тој итро ја искористил нејзината загриженост за семејството кое ѝ останало, ѝ ги прислушкувал нејзините разговори со баба ѝ и тетка ѝ, а потоа почнал да им се заканува и на нив, поради што девојката дополнително се плашела да го остави.
„З.М. во рака држеше едно полно шише вино. Ми велеше: „Ајде снао, ајде одиме кај мене, да се запознаеме и да го прославиме мојот роденден“. Јас му кажав дека сум уморна и дека сакам да си одам дома, но тие ме стегнаа за раце и буквално ме одвлекоа“ - се присетува Милица, а потоа продолжи:
„С. и З.М. пиеја цела вечер. Во еден момент на З. му снема пиење, а С. одби да оди да му купи. З. тогаш стана, зема пиштол и сакаше да пука, но јас го смирив. Тие двајца се скараа, тепаа, а потоа С. ме навредуваше. З. потоа го исфрли од дома, а мене на сила ме задржа и не сакаше да ми дозволи да си одам. Тогаш почна страшното изживување“.
З.М. ја држел заробена од 27 јули до 11 август и во текот на тие 15 дена, вели, претрпела стравично психичко, физичко и сексуално злоставување. З.М. ја силувал додека ѝ се заканвуал со нож, додека, површински ја сечел по градите.
Насилникот не го спречило ни тоа што Милица му раскажа дека не смее да има односи, бидејќи имала интервенција на матката и дека би можел сериозно да ја повреди. Тој без оглед на тоа постојано ѕверски ја силував. За работите да бидат пострашни, неговите родители за целото време живееле во истата куќа, но не смееле да реагираат, бидејќи З.М. им се заканувал на нив, вели Милица и ги тепал и им се заканувал и на нив.
Се спасила дури кога насилникот ја натерал да оди кај нејзините баба и тетка и да им земе пари.
„Ме натера да ставам пудра и очила за сонце. Заминавме заедно со градски автобус. Кога стигнавме, јас влегов дома, а тој ме чекаше надвор. Кога ме виде семејството, беа загрижени. Ме натераа да ги тргнам очилата и се шокриаа. Веднаш повикаа полиција. По нивното доаѓање, З.М. побегнал и го нашле кај болницата, со шише во раце“ - вели напатената девојка.
Тој веднаш бил приведен и притворен и уште се наоѓа во Казнено поправната установа во Ниш, а Милица чек наскоро да ѝ јават за почетокот на судењето против насилникот. Таа дури сега си доаѓа при себе, по престојот во Безбедносната куќа и помошта на лекарите и терапевтите.
За „Телеграф“ посочи дека стравот и понатаму постои и тоа е нешто што не може да се заобиколи. Нешто што ќе трае цел живот.