15 факти што не сте ги знаеле за Маркус и Мартинус

15 факти што не сте ги знаеле за Маркус и Мартинус

Објавена во: Stars // Музика

Маркус и Мартинус се новата тинејџерска поп атракција. Овие симпатични шеснаесет годишни близнаци од Норвешка, имаат објавено два студиски албума, неколку хит синглови, а годинава имаа и успешна европска турнеја. Ако сте дел од нивните обожаватели ММ`ерс сигурно веќе знаетe сè за Мак и Тинус, но еве неколку факти кои можеби не сте ги прочитале за нив:

Нивни идоли се Бруно Марс, Џастин Бибер и Џејсон Деруло.

Во 2016 година тие ја објавија нивната биографија Our Story.

Една година подоцна го објавија и нивниот долгометражен филм Together about the dream.

На норвешките Греми награди ја освоија и наградата Artist of the Year.

На Инстаграм Маркус повеќе сака да објавува постови, а на Мартинус омилени му се сторињата.

На Мартинус среќен број му е 7, а на Маркус 10.

Омилена марка им е Адидас.

Омилени животни им се кучињата иако чувале мачка, но им побегнала.

Нивната мајка во едно интервју изјави дека ако биле девојчиња би се викале Ема и Емилија.

И обајцата мразат да јадат кромид.

Мартинус е 15 минути постар.

Во хороскоп се Риби.

Имаат две сестри Силје и Ема.

Прекарот на Маркус е Мак, а на Мартинус – Тинус.

Маркус е левак, а Мартинус деснак.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: