15 гифови кои опишуваат како девојките се подготвуваат за состанок со сипматијата
Трагично, но сепак вистинито.
Голем број девојки имаат исти реакции кога конечно нешто ќе почне да се случува со момчето кое подолго време им се допаѓа, а дури кога ќе започнат подготовките за првиот состанок - настанува хаос.
Овие 15 гифови во продолжение совршено ја опишуваат лудоста и хаотичните подготовки и заминувања на прв состанок со момчето по кое една девојка е „полудена“.
# Пристигнување на порака од него! Има напишано само „здраво“, но веќе викаш од среќа.
# Тука не е крајот! Започнуваш да одговараш, а потоа ти се појавуваат три точки во разговорот и едвај дишеш. Што ќе напише сега?
# Те прашува „Што има?“, а ти веќе со другарките имаш испланирано што да одговориш за да испаднеш паметна, забавна и симпатична - цел пакет.
# Те кани на состанок, но ти вели ти да одбереш каде да одите. Замка! Што доколку погрешно одбереш? Како да одбереш кога мозокот не ти работи од среќа?
# Се договарате за кино. Првиот чекор на подготовка: потрага по совршената комбинација.
# Секако, пријателките се вклучени во изборот на гардероба.
# Се подготвуваш, се среќавате... и тој ти вели дека изгледаш супер! Срцето само што не ти изглегло од телото.
# Стигнавте на кино, а во салата влегуваш како да си освоила џекпот, бидејќи конечно си на состанок со него!
# Филмот што тој го одбрал и не е нешто посебно, па се трудиш да не заспиеш. Но во ред е, не може се да биде совршено.
# Филмот завршува и тој те прашува дали сакаш да одите да каснете нешто. Одвнатре полудуваш од среќа.
# ... но, надворешно изгледаш тотално „кул“.
# Јадете и пробувате храна еден од друг, разговорот тече, се е совршено! Едвај се воздржуваш за на секои 5 минути да не му кажуваш дека е пресладок.
# Но, потоа доаѓа време за да си одиш дома.
# Те испраќа до дома и ти вели дека би сакал повторно да се видите! Доколку срцето досега не ти излетало од среќа, сега сигурно ќе се случи тоа.
# Се подготвуваш за спиење, легнуваш во кревет и наместо да спиеш, не можеш да престанеш да размислуваш за него и одличниот состанок кој го имавте.